Кој хороскопски знак каков е во кревет!? Епа читај внатре:)))

popara17 август, 20111min00
horoskop-seks

Ѕвездите откриваат кој хороскопски знак каков е во кревет. Шкорпионите се многу страсни  и  љубоморни љубовници, стрелците сакаат да експериментираат, на раковите нежноста им е по важна од сексот, водолиите се ексцентрични во поглед на сексот…

Овен

Таа: Жените претставници на овој знак имаат мошне директен пристап кон сексот и уживаат во своето тело.Таа не може да замисли љубовен однос каде сексот е лош и затоа брзо ќе стави крај. Бара маж што ке биде јак и ќе знае како да се бори со неа, но истовремено да поседува нежност. Таа е огнена и често сама иницира секс, но исто така потребно и е нежно галење после сексот. Омилени  и се позите во кои таа доминира. Може да биде верна, но бидејки е и осветољубива, ако дознае дека е изневерена во тој случај најчесто не простува.

Тој: Припадниците на овој знак се многу страстни и бараат жена што ке може да ги задоволи. Го интересира се и не му е срам да праша, а освојува со брз и спонтан настап. Во младоста често се неверни но како стареат стануваат и верни. Долгата предигра ја сметаат за заморна па брзо преминуваат на главното. Според астролозите овните се сметаат за едни од најдобрите љубовници.

Бик

Таа: Наизглед пасивни, жените родени во овој знак имаат силен сексуален нагон како и потреба за романтика. Додека е односот платонски потребно е со зборови да ја убедите дека ви значи  и немате намера само да ја искористите. Верни се и освојуваат со својата женственост.

Тој:   Биковите се толерантни и добри, на жената ќе и пријдат откако ќе ги завршат обврските испланирани за тој ден. Верен е, простува флерт и не сака кавги. Минатото на жената не го интересира,  искључиво нејзиното сегашно однесување. Во однос на сексот  се страмежливи и затоа повеке сакаат кога партнерката е таа која доминира.

Близнаци

Таа:  Жените родени во овој знак посветуваат поголемо внимание на духовното отколку на телесното. Тешко се заљубуваат а во сексот во потполност се опуштени на позрели години. Како љубовници се нежни, не сакаат драматични расправии и лажен морал. Не се неверни,  а во кревет брзо им здосадува рутината и бараат креативен  партнер кој ќе и помогне во рушењето на границите.

Тој:  Близнаците се немирни духови и многу брзо се возбудуваат. Не сака да биде врзан за жената и куќата кои го гушат со својата посесивност.  Не е љубоморен и и ги дава на партнерката истите слободи кои таа на него.  Во принцип е верен, освен ако е незадоволен во врската. Не е познат по своите љубовни способности и сексот често го обавува во брзање.

Рак

Таа:  Тие се многу емотивни и не се плашат да ги покажат своите чувства. Иако го сакаат самиот секс, најдобро се опуштаат во прегратките на постојаниот партнер во чија љубов се сигурни.  Ако е несреќна или разочарана во љубовта во состојба е долго да апстинира од секс. Таа е од ретките хороскопски знакови што е спремна да прости неверство а истовремено поради тоа ке страда повеке од било кој друг.

Тој:  Раковите се многу итри, семејството му е приоритет во животот. Во младоста се склони на флертување ,но штом се заљубат неговата енергија автоматски се насочува кон создавањето на заеднички дом. За секс е речиси секогаш подготвен,  а притоа се и роматнични така да лесно би задоволиле секоја партнерка.

Лав

Таа: Жените родени во овој знак се познати како големи заводници , во љубовта немаат предрасуди, компромиси или комплекси. Додека не го пронајде човекот со кој сака да остарее си  “игра” со мажите. Бара комплетна љубов и партнерот најчесто мора да го следи нејзиното водство. Сака упадливи типови и сака да доминира во кревет.

Тој: Прогласени се за магнетно привлечни и живеат по строгите правила што сами себе си ги наметнуваат. Имаат изразено либидо и партнерките ги бираат мошне внимателно и по заслуги. Сака необични пози и експериментирање за време на сексот. Верен е и побрзо би се развел отколку да превари.

Девица

Таа: Девиците често глумат скромност но во суштина се едни од нај промискуитетните. Кај партнерот и е важно да забележи дека се труди околу неа и сака да и угоди, сака да експирементира во сексот. Ако во врската почне да одбива секс под разни приговори значи дека го загубила  интересот за партнерот. Најчесто стапува во брак во покасни години откако ќе се “наживее” и тоа за маж за кој верува дека ќе и биде идеален животен партнер.

Тој : Мажите родени во овој знак се скептични, ладни и премногу анализираат. Во сексот му е важна нежноста и вниманието повеќе одошто самиот чин. Негова предност е што безкрајно сака да и угодува на партнерката. Како сопруг е верен и е прав семеен тип. Во љубовта е прилично пресметлив.

Вага

Таа:  Жените родени во овој знак се кокетни, самобендисани и по малку вообразени. Многу се емотивни и обожуваат комплименти и додворување. Имаат силно либидо и сакаат често да  имаат секс и е спремна на најразлични сексуални игрички како костими и стриптиз. Иако често флертува во физичка смисла е верна на партнерот.

Тој:  Најчесто ги опишуваат како убави и згодни мажи, а како љубовници се просечни. На почетокот на врската се доста активни и се трудат а подоцна стануваат мрзливи и поради тоа партнерката мора почесто да биде таа што иницира секс. Неверен е само ако е длабоко разочаран.

Шкорпија

Таа:  Жените припаднички на овој знак бараат моќен љубовник што ќе ја импресионира со својата вештина , изглед  и интелигенција. Отворена е за најразлични идеи и предлози, а сексот и е пресуден во врската. Атрактивна е и склона кон кокетирање. Би преварила кога ќе и се пружи “прилика што не се пропушта’, и способна е вешто со помош на лаги да го негира тоа. Многу се љубоморни.

Тој : Овој тип на маж бара од партнерката “се или ништо”. Ако е навистина заинтересиран целосно се препушта во врската, до таа мера што започнува да ја гуши . Страстен е и одличен љубовник, помалку и фетиш, и важно му е партнерката да го возбудува максимално. Исто како и жените шкорпиони и мажите се изразено љубоморни.

Стрелец

Таа: Жените од овој знак се изразено креативни и наважното за нив е во одност да не завладее рутина и навика. Сакаат да истражуваат во сексот,иако сеуште ќе има некоја поза или слично што ќе бидат незамисливо  за нив. Имаат отворен пристап кон сексот и задоволството на партнерот им е подеднакво важно како и своето. Како партнерки се топли, спремни на компромис и разговор, но во случај да се почуствуваат  загрозени можат да бидат и посесивни. Верна е првенствено поради фактот што не се добри во лагите па на тој начин ја запазува врската.

Тој:  Љубовта е идеал за стрелецот и тој со сите свои постапки тежнее кон тоа. Во однос на жените е кавалер, а во сексот е љубопитен како дете. Нажалост е склон кон изневерување , но дури и тогаш  нема да ја запостави партнерката и затоа таа ретко забележува  дека е изневерена.

Јарец

Таа: Најголемо внимание посветуваат на нежните допири и сензуалноста. Иако делуваат ладнокрвно се мошне привлечни за спротивниот пол. Бидејќи знаат што сакаат во љубовта се трудат тоа и да го постигнат. Го сака сексот, има изразено либидо затоа бара партнер со слични потреби како нејзините.  Длабоко е емотивна, неверство не простува и без разлика дали се уште е вљубена во партнерот спремна е да ја прекине врската ако биде изневерена.  Неверни се кога веќе одлучиле дека тоа е крајот на врската.

Тој:  Наизглед  делуваат како лишени од романтика и страст, реални се и имаат таков став и кон сексот.  Сексот со нив е прилично предвидлив но долго трае, кон сексот гледа како еден вид обврска  и меѓусебно задоволување на потребите. Потребно им е повеке време додека целосно се опуштат и дури тогаш се нафаќаат на експерименти во сексот.

Водолија

Таа:Сака да биде поразлична од останатите, во сексот е доста слободна понекогаш и перверзна. Ако мисли дека карактерите не им се поклопуваат со оној на партнерот во состојба е да го промени. Сака мажи со стил и тешко би ја освоиле само со убави зборови. Не се особено верни но знаат да бидат мошне добри партнерки.

Тој: Ексцентричен е, со цврсти ставови и големи очекувања од лубовта. Во сексот ги одушевува партнерките со својата сензуалност. Тој е помалку арогантен па затоа за време на љубовните расправии  тешко можете да излезете на крај. Често ги менува приоритетите така да понекогаш ќе мисли попрво на се останато отколку на својот партнер но за време на својата добра фаза  ќе и го надополни  пропуштеното.  Ужива во најразлични сексуални игри и често развива необични фетиши.

Риби

Таа: Во љубовните врски често се наивни па затоа често и патат. Ако не се во сериозна врска склони се на краткотрајни авантури како би ги задоволиле своите сексуални апетити. Крајна цел им е пронаоѓањето на “принцот на бел коњ” сакајки со него да ги остварат своите сексуални фантази. Поради силно изразеното либидо,партнер со помали потреби од нејзините спремен е да ја прогласи за нимфоманка.

Тој: Мажите од овој знак се повлечени и неретко страмежливи па такви се и на љубовен план. Поради нивната добрина жените со нив често манипулираат. Познати се како нежни  и пожртвувани љубовници, сакаат да угодуваат на партнерот а сексот им е важен аспект од врската. Способни се да изневерат но и да простат неверство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma