Кој ќе го глуми Џими Хендрикс?

popara9 јули, 20111min00
andre-3000-498

Раперот Андре 3000, членот на групата “Outkast”, би можел да ја игра главната улога во филмот за легендарниот гитарист Џими Хендрикс, јавува Дигитал Спај.

Раперот, чие право име е Андре Бенџамин, се поврзува со оваа улога токму за овој филм, уште од 2004 година, кога има изјавено дека би сакал да ја претстави страната на Хендрикс.

“Џими на сцената беше тотално луд, но надвор од неа беше многу смирен“, изјавил познатиот рапер.

Гласините за снимањето на филмот за Џими Хендрикс кружат веќе неколку години, но никој официјално не ја потврдува таа информација. Актерот Лоренс Фишурн и музичарот Лени Кравиц беа порано споменувани како потенцијални актери кои би можеле да ја играат улогата на Џими, додека актерот Џејсон Деруло откри дека ја одбил оваа улога да го игра познатиот музичар.

http://www.youtube.com/watch?v=bng3agUOYiI&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag