Кој не сака ќерка што подарува палати? Браво за Тејлор Свифт!

28 август, 20110
taylor-swift

Најверојатно се работи за најдарежливата ќерка на светот.

Само четири месеци откако се олесни 1,4 милиони долари за нов дом за родителите, Тејлор Свифт сега даде уште 2,5 милиони долари за на своите родители да им подари нова резиденција, прекрасна палата.

Кантри пејачката, која има само 21 година го купила ова маестрално архитектонско дело на ексклузивна локација во Нешвил.

Родителите на Свифт, Андреа Гарднер и Скот Кингсли Свифт ќе бидат нови соседи на Никол Кидман и Кејт Урбан. Домот е распространет на 1700м² од 6-те вкупно ари раскошно земјиште. На имотот има и голем базен.

Инаку, имотот е изграден во 1934 година од данскиот амбасадор во тоа време. Куќата била во сопственост и на други холивудски ѕвезди.

Тејлор не е дарежлива само кон своите родители. Пред некое време ги почестила дечките од нејзината група со тридневно патување во Чарлстон, Јужна Каролина. Имајќи предвид колку Тејлор е зафатена со настапи низ целиот свет, тие имале можност да се опуштат на мирната плажа во Чарлстон уживајќи на сонцето, морето и песокот. По патувањето таа напишала порака до своите фанови.

„Има две работи за мене што можеби веќе ги знаете. Едната е дека правам листи. Листа на музика што ја сакам, листа на животни цели, листа на работи што треба да ги завршам оваа недела и листа на места кои сонувам да ги посетам. Втората работа е дека сум девојка која се состои од повеќе фази. Понекогаш работам, понекогаш не, понекогаш ми се слуша музика, понекогаш сум опседната со некој совет што ми е даден, понекогаш не сакам да правам ништо друго освен да гледам „Пријатели“, понекогаш пишувам во дневникот секоја вечер, а друг пат не го отворам цел месец. Некогаш, пак, се сликам, и тоа е сè што правев на одморот во Чарлстон, па сега сакам да ги споделам сликите со вас.“

Моментално таа е во Лос Анџелес, а вечерва ќе настапува на МТV музичките награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma