Кога ќе се појават на црвениот тепих немаме многу претстава за какви луѓе станува збор. Иако големите ѕвезди секогаш велат дека имаат многу малку слободно време, сепак си наоѓаат да се “поиграат” и да се позанимаваат со своите чудни хобија.
Том Круз обожава мечување. Дури има една соба од својот дом, оспособена за мечување. Освен тоа што тој го сака ова, исто така ги зарази и Дејвид Бекам и актерот Вил Смит.
Никол Кидман, поранешната сопруга на Том Круз си собира стари монети, а за разлика од неа Анџелина Џоли, ги сака поопасните работи па собира ножеви. Првиот нож го има добиено од мајка и на 11 или 12 години, и од тогаш е колекционер на ножеви. Ги има во огромен број.
Манекенката Клаудија Шифер собира инсекти и обожава во својот дом да закачува слики со инсекти по ѕидовите.
Џони Деп освен со глумата се занимава и со музика. Тој свири на гитара, одбира чудни и тешки улоги, и има најчудно хоби. Џони сака да се игра со барбики. Но, ова не е најчудното негово хоби. Тој собира и костури од гулаби.
Мила Кунис е колекционер на компјутерски игри, а нејзиниот колега Дејвид Аркет сака да плете. Чудно нели?