Познатата оскаровка Вупи Голдберг, реши да го продаде својот дом во Њујорк, сместен во срцето на градот, во близина на Вашингтон плошатадот и паркот, за само 3,99 милиони долари.
Апартманот има 2 големи спални, 3 бањи, а површината е 3600 метри квадратни. Секој кој го видел овој апартман може да заклучи дека е создаден само за оваа актерка, но немојте да се изненадите со фактот дека целиот е декориран токму од нејзина страна.
Целиот простор е украсен со уметнички дела за кои актерката има одвоено мало богатство.