Кој сака да студира ноќен живот?! :) Во Белград отворена академија за ноќен живот!

popara18 ноември, 20111min00
BG-ralf-van-der-zajden

Во Белград е отворена Академија за ноќен живот. Првите бруцоши денеска ќе тргнат на предавања, а наставата почнува во 19 часот и трае до полноќ.

Високата школа за ноќен живот е идеја на холанѓанецот Ралф ван дер Зенден. Факултетот има три насоки, смера – душата на Белград, кафански живот и подземен град.

„Поентата на овие три насоки не е пиењето алкохол, туку уникатно доживување во Белград, кој сам по себе стана брен во европски размери“, изјавил холанѓанецот, кој воедно е и декан.

Истакнал дека Белград има душа и магија кои може да ги подели со сите.

Студентите кои повеќе се интересираат за социологија и историја највеќе ќе им одговара смерот, кафански живот.

„Студентите ќе треба да научат, како правилно се пие ракија, како да се одбере печење и листа на песни кои се бараат од музичарите“, објаснил деканот.

За време на часовите студентите ќе учат и како правилно да си поминат во град, како сигурно да играат качени на столица, како да ги препознаат девојките со силикони, како да одберат најдобар сплав и каде може да јадат колбаси рано наутро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag