Која е вистинската причина за смртта на Британи Марфи???

21 декември, 20110
британи марфи

Британи Марфи (32) почина под мистериозни околности на 20 декември 2009 година, а како официјална причина за смртта е наведено труење со лекови, силно воспаление на белите дробови и недостаток на железо во организмот.

По неколку месеци, починал и нејзиниот маж Сајмон Монџак, исто така под мистериозни околности.

Мајката на актерката, Шерон сега ја тужи компанијата “Stajner&Libo”, која пред 13 години изградила зграда во Холивуд Хилс во која Британи и Сајмон починале и наведува дека двајцата биле отруени од токсичната мувла која се зафатила во станот.

Шерон бара од компанијата да ја признае вината за нивната смрт, бидејќи не успеала да ги заштити станарите од токсичната мувла, и најверојатно ќе бара значителен надомест.

Британи беше позната по улогитево филмовите  “Откачена русокоса”, “Штотуку венчани”, “Осум милји”, “Град на гревот” и многу други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma