Колона “мртвачки” возила во Осло!!! Тажно видео!!

29 јули, 20110
oslo

Додека полицијата се ‘уште трага по исчезнатите лица од кобниот ден во Норвешка, во исто време се вршат подготовки за испраќање на мртвите тела кои беа пронајдени на островот Утоја и телата на настраданите во близина на детонација која се случи во петокот во градот Осло.

Полицијата веќе започнала со објавување на имињата на некои од 76-те жртви, и исто така ќе продолжи и наредните денови да ги известува семејствата и јавноста за имињата, возраста и родните местата на жртвите. Особено ќе се посветат на барање на телата на преостанатите жртви на островот Утоја кои се уште не се пронајдени по масакарот.

Немилосрдниот убиец се уште се наоѓа во притвор во главниот град на Норвешка и полицијата внимава на него случајно да не изврши самоубиство. Се повеќе е јасно дека тој ќе се соочи со 30 годишна затворска казна за тероризам и злосторства против човештвото.

Во меѓувреме сите подготовки се во тек за погребот на загинатите. LiveLeak објави снимка од колоната погребни возила кои се наменети за превоз на мртвите тела.

http://www.youtube.com/watch?v=qYZJAxJBb3o&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi