Комбинирани тост сендвичи со кашкавал и зеленчук

popara3 октомври, 20111min00
recept

Марта Стјуард, една од најпознатите готвачки на светот, беше гостинка во шоуто на Опра Винфри, каде ја презентираше својата брилијантна идеја за бар за сендвичи. Доколку планирате забава, ви предлагаме да ја пробате идејата на Стјуард за поставување на бар каде вашите гости ќе може да изберат каков тост сендвич сакаат. Имено, ви предлагаме да им понудите на вашите гости најразлични видови на леб, кашкавал, зеленчук и сосови и да им дозволите самите да си ја изберат својата омилена комбинација, која потоа ќе ја потпечете на тостер.

За вечера со 10 луѓе:

Потребни состојки:

  • 40 парчиња различни видови на леб
  • Зеленчук по желба: домат, пиперки, краставици, кромид, зелени пиперки,
  • Салама по желба: пилешка прса, шунка, сланина, пршута, печеница, мортадела, свински врат.
  • Кашкавал по желба: тост кашкавал, кравји, овчи, мешан, зачинет, пармезан
  • Зачини по желба: магданос, босилек, оригано, мајоран, мајчина душичка, нане
  • Сосови по желба: кечап, мајонез, сенф, павлака, тартар, сос од рен, малиџано
  • 300 гр. путер.
  • Сол и црн пипер

Припрема:

Секое од парчињата леб намачкајте го со путер. Откако гостите ќе изберат што се сакаат во својот тост сендвич, наредете ги состојките врз едното парче леб, но притоа внимавајте кашкавалот да биде најдолу.

Вака приготвенот сендвич ставете го во претходно загреан тостер и печете се додека лепчето не се потпече и кашкавалот не се стопи. Тост сендвичите послужете ги во чинија за сервирање, а на гостите понудете им топче павлака или крем сирење. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag