Мајка ми ме продаде на макро!

3 октомври, 20110
Rape__by_little_pretty

Уште пред да наполни десет години Шрејон Чен, млада девојка од Камбоџа, била принудена да спие со стотици мажи. После вакво брутално минато, каква иднина може да очекува?

Девојче трча по улица, а веднаш по неа гангстери. Се обидува да избега, но тие ја фаќаат и ја фрлаат во валкана темна соба. Таа веќе знае што ќе следи – ќе биде малтретирана, врзана, а потоа силувана. Иако звучи како сценарио за најлош филм, ова го живеела Шрејон Чен 20 години.

Кога била седум година, таа била продадена во Пном Пен, главниот град на Камбоџа, за да работи како проститутка – ја продала нејзината мајка.

Наредните неколку години, макроата ја сметале за свој имот и ја принудувале да има секс со дваесет луѓе на ден. Доколку не ја исполнела дадена “квота“ или се обидела да избега, следувале сурови казни – била горена со вжарено железо или по целото тело и пуштале роеви на инсекти.

“Единствено нешто на што размислував во тие моменти е како да умрам”, вели девојката, сеќавајќи се како западнала во маѓепсаниот круг на трговија со луѓе.

Откако нејзиниот татко починал, Шрејон се преселила со својата мајка во барака, бидејќи немале повеќе пари. Кога стигнале во ситуација да немаат што да јадат, нејзината мајка изјавила дека ќе ја испрати во куќата на еден човек за кого ќе работи како куќна помошничка, а потоа ја продала.

“Морав да ја послушам. Во Камбоџа се смета дека девојките треба да ги издржуваат своите семејства“, продолжува Шрејон.

Кога пристигнала во нов дом, таа навистина неколку дена ја чистела куќата, но потоа била пренесена во втората куќа во Пном Пен, каде и дале да јаде и ја испратиле во кревет.

Следното утро, таа се разбуди и сфати дека е заклучена во собата.

“Молев некој да ми помогне и да ме спаси, но никој не дојде. Беспомошна седнав на подот и почнав да плачам“. Во следните неколку дена, вели Шрејон, било прилично тивко и никој не и се обраќал. Потоа, едно утро на нејзината врата се појавил еден човек кој ја прашал: “Дали сакате клиент?”, на што таа одговорила одречно.

“Јас не разбрав ни што ме праша, но знаев дека е нешто лошо. Кога го одбив тоа што го побара од мене, следуваше страшна казна – ме натера да си ја испијам својата урина “.

После неколку дена мачење, таа конечно се согласи. Првиот клиент, се сеќава девојката, бил човек со азијско потекло.

“Тој имаше толку суров поглед што јас почнав да плачам и реков дека не можам. Макрото веднаш дојде кај мене и ме казни. Тој зеде неколку лути пиперки, ги фрли на подот и ги изгази, а потоа ги пикна во мојата вагина“. Кратко потоа, клиентот ја силувал. Иако сексуалните услуги во Камбоџа, чинат многу малку – околу пет долари, невините девојки можат да постигнат цена и од четири илјади долари.

Во текот на следните три години, животот и се претворил во пекол.

“Понекогаш бев толку уморна што не можев да станам од кревет. Мажите доаѓаа во мојата соба, еден по друг, а јас повеќе не чувствував ништо“ – продолжува со својата исповед Шрејон.

Уште од првиот ден на нејзиниот “притвор“, Шрејон мислела само на едно нешто – на бегство.

“После првиот клиент почнав да смислувам план за бегство. Знаев што ме чека, ако не успеам. Тие можеа да ме убијат. Меѓутоа, смртта ми се гледаше како подобра опција од животот што морав да имам“ – вели девојчето.

Една вечер, кога клиентот беше во бањата, а чуварот на кратко го напуштил своето место од пред вратата, Шрејон ја видела својата шанса. Таа истрчала од собата и дошла до влезот на зградата, но, била веднаш фатена. Испратена била право во собата за мачење, каде што најпрво била камшикувана, а потоа на раните и нанеле лути пиперки. После била вратена во нејзината соба и по неколку дена ја преселиле во друг бордел.

Нејзиниот втор обид за бегство од новата зграда, завршил исто како и првиот – била фатена, мачена, а потоа префрлена во нова зграда. Неверојатно е тоа што воопшто имала сила за трет обид да избега.

“Знаев дека морам да се обидам уште еднаш. Немав што да изгубам. Овој пат, успеав да излезам на улица. Почнав да трчам и за среќа налетав на случаен минувач, кој ме фати за рака и ме праша зошто и од кого бегам. Сé му раскажав“- се сеќава Шрејон.

Наместо да ја врати во борделот каде што ќе бил богато награден, за среќа мажот одлучил да ја однесе до полициска станица. Од таму, девојчето е префрлено во центарот за поранешни сексуални робови, во кој има многу девојки кои ја делат истата страшна судбина. Таму ја добила својата менторка, која работела со неа секој ден, се грижела за нејзината исхрана и ја учела да чита.

По три години, Шрејон сакала да ја види мајка си. “Посетата беше кратка и болна. Мајка ми тврдеше дека не знала дека ме продава макроа, но знам дека тоа не е точно “, ја завршува својата исповед Шрејон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi