Конечно откриена Атлантида?

popara14 јули, 20111min00
atlantida

Научниците никогаш не виделе нешто слично: Во длабочините на океанот постои релјеф стар 56 милиони години! Во моментов не се знае како успеал во само 2.5 милиони години да се издигне над земјата, а потоа буквално да пропадне во неа.

Северниот дел на Атлантскиот Океан во своите длабочини крие антички релјеф, на кој се уште се исцртуваат речни корита и врвови на она што некогаш биле планини. Геолозите, кои до ова откритие дојдоа додека собирале податоци за една нафтена компанија, тврдат дека релјефот е стар околу 56 милиони години, а многумина веднаш го поврзаа со Атлантида.

“Колку што досега успеавме да откриеме, изгледа исто онака како што на картите изгледаат малите места покрај брег, а се наоѓа на длабочина од два километри и се протега на околу десет илјади квадратни километри“ – изјави Ники Вајт, дел од тимот на истражувачи.

Истражувачите се уверени дека релјефот е дел од областа на која денес се Шкотска и Норвешка, а досега откриле дека со состои од осум големи реки и богата флора и фауна. Убедени се дека ќе пронајдат многу фосили од разни животински видови кои тогаш живееле.

Главното прашање е како успеал овој релјеф во рок од 2.5 милиони години да се издигне над земјата, а потоа да пропадне во неа. Во геолошка смисла, тоа е многу краток период за нешто такво. Сегашната теорија е дека причина за тоа е магмата која се наоѓа во внатрешноста на земјата во тоа подрачје. Нејзината топлина создала огромен вжештен гребен, кој едноставно се срушил поради високите температури.

Всушност, тој детал ќе биде главниот водич за геолозите, бидејќи никогаш до сега не пронашле нешто слично, а откривањето на причините за тоа може да доведе до одговори на многу прашања поврзани со внатрешноста на Земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag