Конецот за заби може да нè спаси од мозочен удар

popara21 март, 20111min00
konec za zabi

Во подоцнежните години од животот, губењето на забите може да го зголеми ризикот од мозочен удар. Истражувачите откриле дека луѓето кои имаат помалку од 24 заби, имаат за 60% поголема шанса да доживеат мозочен удар. Експерите ги земале во предвид и пушењето, телесната тежина и честото пиење алкохол.

Овие проблеми почнуваат уште со појавата на кариесот на забите, и со пренесување на инфекцијата врз ткивото и коската околу забот. Бактериите во усната шуплина освен што индиректно ја зголемуваат можноста за мозочен удар, исто така се и виновници за болести поврзани со срцето, тврдат научниците. Кардиолозите откриле дека опасни микроорганизми поврзани со болести на забите се пронајдени во артериите на пациентите. Тие сметаат дека оралните бактерии може да предизвикаат затварање на ѕидовите на артериите, а тоа може да предизвика мозочен удар. Оралните бактерии исто така може да ги задржат масните наслаги во артериите кои можат да доведат до згрутчување на крвта и тоа да предизвика мозочен удар.

Затоа колку и да ви изгледа здодевно, сепак практикувајте често да ги чистите забите со конец наменет за чистење на забите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma