Конте го превзема Јувентус
23 мај, 20110

Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота, потврдил дека екипата од следната сезона ќе ја води Антонио Конте, некогашниот играч на торинската “стара дама” кој оваа сезона ја водеше екипата на Сиена и ја воведе во Серија А.
Конте (42) пред Сиена работеше во Арецо, Бари и Аталантс, а екипата на Јувентус би требало да ја води следните две години. Претставувањето на новиот тренер треба да се случи во Вторник.