Неименуван маж во петокот вечерта влегол во еден бар во белгискиот град Лиеж, барајќи од вработените да му ги предадат парите од касата, јавија белгиските медиуми.
Меслејќи дека е вооружен, еден од келнерите му дал 50 евра со која крадецот веднаш се упатил кон автоматот и слот машините за коцкање кои се наоѓале во самиот локал.
Додека тој си ја тестирал среќата на коцкарските апарати, вработените повикале полиција, па така тој бил уапсен на лице место.