Климатските промени и загадувањето уништуваат некои од најубавите места на планетата. Научниците предвидуваат исчезнување на неколку прекрасни дестинации во светот. Предвидуваат дека до 2050 година, благодарејќи на глобалното затоплување, ќе исчезнат Малдивите, а загрозени се и Венеција, Лондон и Холандија.
После индустријализацијата, околу 19 век, нивото на морето почна да расте просечно по 2мм годишно. Иако се чинеше незначајно, со текот на времето прерасна во сериозен проблем. Поради тоа океанот ќе поплави бројни острови, покрајбрежни подрачја, а ќе нанесе голема штета и со тоа што солена вода ќе продре до питката слатка вода.
Први на кои се заканува опасност се Малдивите. Малдивите се островска земја со најниска надморска висина. Доколку порастот на нивото на морето наскоро не се запре, Малдивите би можеле да станат првата земја која ќе биде проголтана од водата.
Предупредувањата за потонување на Венеција некогаш на многу луѓе им се чинеле смешни. Но денес, туристите се почесто можат да се видат како во чизми ги обиколуваат знаменитостите на најпознатиот град на вода.
Најголемиот корален гребен на светот сместен е во Коралното море на северо-исток на Австралија. Големиот корален гребен се гледа од свемирот. Но, загадувањето на водата, ударите на циклоните и се повисоките температури негативно влијаат на ова природно богатство.
Бангладеш е сместен на делтата на реката Ганг и Брамапутра. Поради тоа глобалното затоплување би било смртоносно за оваа земја, поради тоа што 50% од територијата ќе биде поплавена доколку нивото на морето порасне за 1 метар.
За Лондон кобна може да биде реката Темза. 1983 год. гратските власти изградиле преграда која секоја година го штити Лондон од поплави, но доколку нивото на морето се зголеми, преградата нема да биде доволна да го заштити Лондон.
Покрај Лондон, и на Лос Анџелес и Менхетен им прети мегапоплава бидејќи се наоѓаат на незначајна надморска висина.
One comment
Dijana
11 август, 2011 at 11:35
Ovaa slikava od New York malku staricka a?