Пакуваната ужина е опасна за здравјето

11 август, 20110
spakuvana hrana

Научниците открија дека пакуваните производи се загреваат до температура на која се развиваат опасни бактерии.

Ако сте еден од грижливите родители кои на своите деца им пакуваат ужина за на училиште, а и самите на работа носите пакувана храна, време е да размислите дали тие намирници се исто здрави како и кога сте ги спакувале во кутија или кеса.

Истражувачите анализирале над 700 спакувани ужини и ручеци и дошле до заклучок дека намирниците во торбите се загреваат до тој степен, што претставуваат потенцијален ризик за здравјето.

Тие ја мереле температурата на стотина сендвичи, јогурти и други оброци. Биле шокирани кога сфатиле дека 97% од месото и месните преработки, 99% од млечните производи и 99% од зеленчукот спакуван во кеса или кутија, биле загреани до температура на која се развиваат опасни бактерии како ешерихија коли, салмонела и стафилокока ауреус.

Бидејќи бактериите се разможуваат на температура од 4 до 60 степени, храната која се чува на тие температури треба да се фрли доколку не се искористи во рок од 2 часа. Просечната температура на храната што е анализирана била 18 степени, а научниците тврдат дека тоа е “опасна зона“.

Децата се повеќе изложени на ризик, бидејќи помалите од четири години пет пати повеќе се разболуваат од бактериски инфекции.

Експертите советуваат во оброците кои ги носите со себе или ги пакувате за децата да избегнувате мајонез, да не ги чувате во кеса во фрижидер бидејќи така не можат да се изладат, а во торбата со ужина ставајте замрзната вода или сокови кои ќе ја одржуваат храната ладна подолг период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi