Кралот ја бирал 14-тата жена помеѓу голи девици

popara13 ноември, 20111min00
vest

МБАБАНЕ – Кралот на Свазиленд, Мсвати Трети, по стекнатото образование во Англија, се вратил на обичаите од својата земја.

Кралот има тринаесет жени, но на традицоналната прослава „Свази рид денс”, помеѓу голи девици тинејџерки ја бирал 14-тата сопруга.

Додека неговиот народ гладува, и додека целата држава е на раб на сиромаштија, нивниот крал ужива во сите благодети на светот.

„Ужасно е тоа што се случува. Толку луѓе се невработени, а нашиот крал е толку одалечен од своите луѓе. Тој живее на друга планета. Ние не сме сиромашни туку имаме погрешен водич”, рече уредникот на националниот весник Nation Bheki Makhubu.

Во Свазиленд секој четврти жител е заразен од HIV, и се верува дека кралот е крив бидејќи ги подржува промискуитетните забави, а не прави ништо за да се бори против ширењето на оваа болест.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma