Маска за лице од авокадо

13 ноември, 20110
avokado

Рецепт за чиста и здрава кожа, полна сјај!

Маските за лице се одличен начин да ги исчистите порите, да ги отстраните акните, како и да ја навлажните сувата кожа. Ако се одлучите да си подготвите маска за да ги решите горенаведените проблеми со кожата, тргнете по авокадо. Еве како да ја подготвите маската за лице од авокадо…

Изгмечете го авокадото со лажица, додека смесата не се претвори во каша. Авокадото содржи масло, кое одлично влијае на вашата кожа. Најважната карактеристика на авокадото е тоа што е природен извор на калиум. Без разлика дали го консумирате или пак го користите за маска, вашата кожа ќе биде здрава и полна сјај.

Додајте една лажица природен мед во кашата од авокадо. Медот има способност да ги убива бактериите распространети на кожата, како и да ги редуцира отоците и воспалувањата, давајќи и на кожата младешки изглед.

Измешајте сѐ заедно и додајте јогурт, затоа што тој е природен и нежен чистач, па затоа и се користи во многу препрати за лице. Јогуртот содржи и млечни киселини кои ја смируваат и омекнуваат кожата.

Излупете и исецкајте две резанки краставица, за да ги ставите на очи. Краставицата е одличен додаток на авокадото, затоа што чисти, негува, хидратизира и помага во намалување на подочниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *