Стилистите без оглед на студеното време, препорачуваат кратки и женски фризури, при тоа напоменувајќи да изберете форма која одговара на вашето лице, стил и карактер. Кратките фризури кои се модерни оваа сезона, даваат елегантен и секси изглед, и може да изгледаат многу романтично. Кратката фризура е лесна за оддржување. Особено интересни се асиметричните фризури со разреден дел од едната или од задната страна. Со оглед на тоа дека во трендот се присутни ретро стилови, модерената и кратка коса може да ја обликувате во бранови, кадрици, и чупави форми во стилот на осумдесеттите. Кога станува збор за бојата на кратката коса стилистите оваа сезона советуваат широк спектар на бои – кафеава и црвеникави тонови, или бакарна боја.