Кристијан би можел да биде првото дете кое ќе отслужува доживотна казна

7 јуни, 20110
110602090447_Cristian Fernandez

Кристијан Фернандез (12) би можел да стане најмладиот осуденик на доживотна казна во САД.

Имено, Фернандез го истепал својот двегодишен брат до смрт и главната обвинителка Ангела Кореј, се изборила да му се суди како на возрасно лице.

“Мораме да ја заштитиме јавноста од овој млад човек“, изјавила Кореј. Доколку на Фернандез би му се судело како на малолетник би бил осуден до 21 година.

Момчето наводно до смрт го претепал својот двегодишен брат Давид во семејната куќа на Флорида. По два дена, неговиот брат Давид им подлегнал на повредите во болница од крварење во мозокот. Кога мајката се вратила дома и го видела онесвестеното дете, му ставила лед на главата и чекала два часа за да се разбуди.

Докторите тврдат дека детето би преживеало доколку било веднаш пренесено во болница и доколку ја добиело потребната помош.

Пред тоа, Фернандез веќе еднаш му ја скршил ногата на својот брат што допринело за одлуката на судот да му се суди како на возрасен.

Одбраната на момчето се темели на докази дека детето било сексуално злоставувано и живеело во насилен дом и дека неговиот очув извршил самоубиство.

Неговата мајка го родила Кристијан кога имала само 12 години.

Одбраната се противи на доживотниот затвор и тврди дека на детето мора да му се помогне и дека мора да биде сместено во рехабилитационен центар.

На Кристијан му се заканува доживотен затвор, а мајката исто така е обвинета за занемарување на децата и нејзиното судење почнува кон крајот на годината.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *