Кризата ја “отепа” Севка:) Доби стан наместо куќа:)))

popara29 септември, 20111min00
seve-2

Пејачката од локалната самоуправа во Нови Бечеј во Војводина добила луксузен апартман во хотелот “Тиски цвет”. Клучевите рачно и ги врачил градоначалникот на Нови Бечеј, по настапот на туристичко – забавната манифестација. Иако првично и ветиле куќа во викенд населбата покрај реката Тиса, како знак на благодарност што редовно гостува на нивните свечености, пејачката на крај сепак добила луксузен апартман, бидејќи градењето на населбата е одложено поради кризата.

Северина изјавила дека во Нови Бечеј ќе се чувствува како во својот дом и дека е пријатно изненадена од подарокот и нивниот прекрасен и спонтан гест. Со хотелскиот менаџмент се согласија дека станот ќе може да се изнајмува додека таа не е таму.

-Северина на некој начин стана наша сограѓанка, како што беше ветено за време на нејзиниот прв настап. Блегодарение на управата на хотелот “Тиски цвет”, наместо викендичка, Северина е наградена со апартман од овој хотел, изјавил градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag