Запознајте ја Јети, фармерското куче од Куба, кое си посвои ни помалку ни повеќе туку 14 мали прасиња. Иако прасињата си ја имаат и мајка им, Јети без проблем прифати да им биде нивна втора мајка. Прасињата почнаа да цицаат од Јети кога беа на возраст од 15 дена, а младата мајка, и покрај нејзините кученца, не се побуни да ги дои и нив.