Право време да ви ја презентираме оваа куќа. Само името ќе ви асоцира на море, лето и одмори. А кога ќе ја погледнете ќе помислите дека со ваква куќа не би ни морале да одите негде на одмор. Таа е одмор сама по себе.
Дело е на архитектот Хавиер Сеносиаин, се наоѓа во Мексико, дизајнирана за мексикански пар. Ја прати линијата на теренот, и сосема е проектирана според природно-математички законитост, впрочем, како и самите школки. Престојувајќи во неа се чувствувате како во бајка. Додатните внатрешни градини, базен, играта на светло ја прави оваа приказна уште поубава. Уживајте и слободно опуштени замислете си дека живеете во неа.