Фронтменот на групата “Нирвана“, кој изврши самоубиство во април 1994 година во Сиетл, најверојатно ќе добие свој мост или парк во негово име. Мостот и паркот ќе бидат во неговиот роден град Абердин САД, пренесуваат американските медиуми.
Градскиот совет на Абердин во Вашингтон на 27 јули ќе ја разгледа идејата дали паркот и мостот ќе го носат името на Курт Кобејн, пишува Вашингтон Пост.
Некои лица говорат дека официјалните лица од советот се плашат од реакцијата на жителите, бидејќи Кобејн се дрогираше, се самоуби и го критикувал својот град.
Од друга страна пак, овие знаменитости би можеле да бидат атракција за туристи и обожавателите на групата Нирвана.