Lamborghini LP 700-4 Aventador ќе го промовира големиот настан “Made in Italy”.

popara12 април, 20111min00
0

Градоначалникот на Рим, Gianni Alemanno и претседателот и главен извршен директор на Lamborghini, Stephan Winkelmann, најавиле дека од 26 Април  до 8 Мај 2011 година во Рим ќе промовираат нов настан наречен “Made in Italy”.

На 150 годишнината од обединувањето на Италија, Lamborghini одлучи да го одбере градот Рим како голема презентација на својот сосем нов супер спортски автомобил, Lamborghini LP 700-4 Aventador. Lamborghini LP 700-4 Aventador е најновиот супер спортски автомобил на престижниот италијански бренд истотака е и најбрзиот автомобил призведен за широка потрошувачка.

Музејот посветен на Lamborghini ќе биде поставен во внатрешноста на “Chiostro del Bramante” и ќе биде отворен за јавноста, секој ден 10:00-18:00 часот и најважно ќе биде бесплатен. Посетителите преку многу фотографии и документи ќе можат да ја видат целата историја на создаваење на овој голем бренд.
Спектасклот ќе биде проследен со парада низ градот на 10 Lamborghini возила, пет ќе бидат од марката Aventador LP 700-4, а пет историски модели кои доаѓаат од колекцијата на музејот Lamborghini, моделите(350 GT, Miura, Countach, Diablo и Murciélago).

Извршниот директор на Lamborghini, Stephan Winkelmann изјавил дека Lamborghini LP 700-4  претставува пресвртница во историјата на Lamborghini и претставува предводител на новата идна модерна генерација во автомобилската индустрија. Да потсетиме дека Lamborghini на новиот модел работеле цели 4 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag