Организацијата DoSomething.org составила листа од најголемите донатори меѓу познатите личности. На прво место е Лејди Гага, која заслужено се бори за правата на хомосексуалците, заштита од сида и насилство помеѓу малдите, а започна и добротворна организација “Born This Way”.
На второ место, како најмлад на листата е 17 годишниот Џастин Бибер, благодарение на соработката со организацијата “Pencils of Promise” која изградила 41 училиште во Лаос, Никарагва и Гватемала. Третиот е Џорџ Клуни, кој се залага за правата на жртвите на актуелните политички превирања во Судан.
Меѓу првите 10 на листата се и сопружниците Вил и Џада Смит, Леонардо Ди Каприо, Мет Дејмон, Елен ДеГенерес, Бред Пит и Анџелина Џоли, Двајт Хауард и Деми Ловато.