Лејди Гага е “опседната”

popara8 јули, 20111min00
lejdi gaga copy

Новинарот, Иан Халперин кој веќе има објавено книги за Анџелина Џоли и Мајкл Џексон, наскоро ќе ја објави својата книга за Лејди Гага.

Иан цела година истражувал за пејачката, ја следел нејзината работа, однесување, изјави, подеми и падови, навики…и сето тоа го преточил во книга.

Тој тврди дека од членовите на нејзиниот тим дознал дека пејачката со денови не внесува храна, времето го поминува пред огледало критикувајќи го своето тело. Покрај тоа, ги пробала сите можни дроги, а делумно и причината поради која е толку самокритична е лупус, од кој има големи црвени флеки по телото, а и косaта и опаѓа, па поради тоа користи тешка шминка и постојано ги менува периките.

“Гага не е повеќе она што некогаш беше. Всушност тоа е само измислена карикатура, а она што беше вистинско од оваа девојка, големиот талент, повеќе го нема. Оваа Гага која денес ја гледаме е многу опсесивна и има потреба од помош, со цел да не се уништи”, изјавува новинарот Иан.

Девојката, чија популарност има планетарни размери, чии песни се продаваат во рекордни тиражи и која има над 40 милиони фанови…едноставно не е задоволна со себе…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag