На своите малечки „чудовишта“, како што милува Лејди Гага да си ги нарече своите фанови, таа ќе им подари песна за да им се заблагодари на верноста која и ја пружаат.
Нумерата е снимена за време на патување во автобусот на Лејди Гага, додека таа работела на албумот „Born this way“, но сега за сега не се знае дали станува збор за нова песна или пак алтернативна верзија на некоја веќе постоечка песна.
„Песната е снимена во живо, одедаш, во мојот автобус и не е цензурирата“, напишала Лејди Гага на Твитер. Ајде баш да видиме што си направила овој пат…