Пејачката Лејди Гага основаше организација во Индија, наречена “Роден на овој начин”. Таа верува дека нејзината слава мора да се кисористи на добар начин и да се посвојат што повеќе деца.
Лејди Гага (25) планира да посвои деца од сите краеви во светот. За почеток сака да посвои три сирачиња од Индија. Според Daily Star, Гага планира да изгради и дом во Индија.
– “Отсекогаш сум сакала да посвојам дете, уште кога бев девојче”. Таа им рекла на пријателите дека постои причина за живеење и откако станала славна личност мисли дека тоа е знак, за да ги искористи предностите на тоа богатство – вели извор близок до пејачката.
– Во Индија веќе има воспоставено организација наречена “Роден на овој начин” и посети две деца кога последен пат била таму. Освен што има план да посвојува деца од Индија, сака дете од Америка. Јас не сакам да заборавам на децата без семејства во нивната земја – изјави изворот, додавајќи дека нејзиниот план нема набрзо да се оствари, бидејќи во моментов е фокусирана на нејзината кариера.