Лејди Гага на алкохолна диета
21 февруари, 20110

Познатата пејачка Лејди Гага неодамна откри рецепт за витката линија, која подразбира конзумирање пијалоци во големи количини. Таа изјавила, јас сум на пијана диета. Сакам да пијам виски и други алкохоли додека работам, но и додала дека не е само алкохолот рецепт за витка линија, туку и дека мора да се вежба. Но овие изјави на Гага не биле воопшто случајни, тврдат некои критичати, бидејќи тоа го направила за да ја промовира и новата книга на своето момче кое носи наслов “The Drunk Diet”.