Лејди Гага по месарка ќе стане зелкарка:)
29 октомври, 20110
![Lady Gaga](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/10/Lady-Gaga-610x269.jpg)
Лејди Гага наскоро ќе ја посети Индија, локалните активисти за правата на животните побарале од пејачката да го промовира вегетаријанството. Тие планирале да и направат фустан од зелка, кој Гага би требало да го носи. Пејачката минатата година предизвикала силни реакции, појавувајќи се на MTV Music Awards во фустан направен од месо. “Ако се согласи пејачката, ќе и направиме фустан со листови од зелка. Тоа ќе биде долг фустан, и ние ќе се обидеме Гага да изгледа секси”, изјавил претставник на PETA во Индија.