Грозна пулсирачка главоболка, слабост во целото тело, втоглавици, гадење…тоа се вообичаените симптоми за утринскиот мамурлак. Помогнете си во таквите ситуации со природни состојки. Кокосова вода- исцедете ја течноста од неузреан кокос. Кокосовата вода е течност која за многу кратко време ќе ја балансира pH вредноста на телото. Идеално е за утрото по бурната ноќ, во која сте испиле малку повеќе алкохол. Јаболка- едно изедено јаболко наутро не само што ќе ви помогне во борба со мамурлакот, туку ќе ви помогне да го подобрите имунитетот. Најизменично, топло-ладен туш. Уживајте под водата подолго од вообичаено. Јадете храна која е богата со минерали, како на пример: банани, портокали, млеко… Најефикасен рецепт за мамурлак е мешавина од банана, мед и млеко. Пијте многу течности. Познато е дека алкохолот го дехидрира вашето тело. Затоа пијте вода, незасладени чаеви, јогурт. Јадете храна која содржи фруктоза, затоа што природниот шеќер го стимулира брзото распаѓање на алкохолот од организмот. Добри извори на фруктоза се: јаболка, мед, цреши, грозје, домати.