Лесна летна салата со сардини и компир

26 август, 20110
salata

Едноставен рецепт за кој не треба многу време, ни пари. По желба, за подобар вкус, можете да додадете маслинки или пак, копар, но никако не претерувајте со солта.

Подготовка:

Очистете ги солените сардини и оставете ги да отстојат во вода за да излезе вишокот сол.

Сварете ги компирите, но внимавајте да не ги преварите, па потоа да ви се распаѓаат кога ќе ги сечкате. Олупете ги и исечкајте ги на коцки.

Полека мешајте и додавајте маслиново масло, исечкан магдонос, целер и лук.

Одвојте ги коските од рибата, ситно исечкајте и додајте во компирите, па промешајте. Во сад измешајте сенф со лимонов сок, па со тоа прелијте ја салатата и уште еднаш промешајте.

Се служи ладно како предјадење или како главно јадење.

Потребни состојки:

  • 10 солени сардини
  • 500гр компири
  • 1 главица лук
  • 1 лажица сенф
  • маслиново масло
  • оцет
  • свеж магдонос и целер
  • лимон
  • сол и пипер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma