Исповед на Петар Перовиќ

26 август, 20115
SHOOTMEUP.CO_.UK+GIGOLO+PETAR+PEROVIC-800x587

„Оваа приказна ја знаат само моите најблиски пријатели и мал дел од семејството кое ми остана“, објаснува 29-годишниот манекен Петар Перовиќ, кој е подготвен детаљите од својата трагична судбина да ги сподели со нашите читатели.

  • Покрај тажната животна приказна, ти сепак, во Куќата не играше на картата сожалување. Свесен ли си дека на тој начин можеше да придобиеш повеќе симпатии и фанови кај гледачите?

Нема потреба некој да ме сожалува. И покрај сè, јас сум среќен, а во тоа најмногу ми помогна фактот што од самиот почеток ги прифатив работите такви какви што се. Кога повторно би се родил, би го избрал истиот животен пат и истото семејство, бидејќи мислам дека некои сили не можат да се контролираат. На овој свет има милиони луѓе кон кои животот бил многу посуров, па мојата сторија сигурно не е најтрагична.

–         Имаше шеснаесет години кога остана без мајка?

Пред смртта на мајка ми, нашето семејство беше многу среќно, но, за жал, кога таа почина, повеќе ништо не беше исто. Созреав преку ноќ. За разлика од моите врсници, мене ми беше скратен најубавиот период на растење-пубертетот. Мајка ми почина многу млада, на 35 години и тоа по грешка на лекарите, при една рутинска операција за отстранување масно ткиво од главата, ја заразиле со некоја бактерија која подоцна прерасна во карцином. Брат ми е роден кога мајка ми имала 18 години, а јас година и пол подоцна. Од причина што моите биле многу млади кога ме добиле, тие пред сè ми беа пријатели, па дури потоа родители. Со мајка ми заедно излегувавме во град, често организиравме журки дома… Немате појма колку ми е тешко што ја нема мојата Јасмина.

–       Како го пребродија тој период татко ти и брат ти?

Секој од нас си патеше на свој начин. Татко ми доби инфаркт на градите, поради што цели седум месеци ги помина в болница, баба ми почина на 56 години од жал за ќерката, а брат ми се ожени и си тргна по свој пат. Семејството ми се распадна преку ноќ. После сето тоа имав само две опции – да тргнам по уличните лоши патишта или да се вработам и да терам напред. Се одлучив за втората опција. Цели три години работев во Народна банка на Југославија, но и како келнер, градежен работник… Ништо не ми претставуваше потешкотија  кога знаев дека го правам за да му ја олеснам ситуацијата на моето семејство.

–         Едно време, истовремено беше и успешен манекен и продавач на пазар?

Знам дека звучи смешно и апсурдно, но тоа е жива вистина. Продавав бижутерија на пазар. Во тоа време цело семејство беше на мој грб, бидејќи  брат ми и снаата не работеа. Манекенскиот хонорар не беше доволен за тројца возрасни луѓе и пет деца. Давав сè од себе и се трудев ништо да не им фали, а напоредно со тоа си водев и мој личен живот – имав девојка, излегував…

–        Се зборува дека после смртта на мајка ти, татко ти почнал да пие?

Тоа се случи малку покасно, кога брат ми почна да се соочува со посериозни проблеми. Секако дека татко ми не е ноторен алкохоличер, тој знае како да се контролира. Иако долго време се занимаваше со угостителство, тој порано никогаш не пиел. Инаку, Бранислав беше позната фаца. Го отвори првото кафуле во Белград, во Скадарлија на времето. И денес многумина се сеќаваат на него по прекарот.

–        Па, тогаш, зошто се откажал од угостителството? Од тоа секогаш убаво се заработувало.

Тие кафулиња никогаш не беа во негова сопственост. Се работеше за државни фирми, а татко ми беше само шеф или како што велат денес, генерален менаџер. Кога излезе од тој бизнис, отвори „DHL“ во Нови Сад, па потоа се случи бомбардирањето, па смена на власта и двајцата останавме без работа. Моментално, татко ми работи во една фирма како чувар.

–         Кога веќе ги споменавме проблемите на брат ти, тој моментално е во затвор?

Тој и неговата покојна жена имаа проблем со наркотици. Мило ми е што е зад решетки, колку и да изгледа тоа грубо кажано, бидејќи тоа беше единствен начин да се оттргне од дрогата. Игор го сакам најмногу на свет и сигурен сум дека дрогата за него е само минато. Ние двајца имаме нормален однос, постојано го посетувам и за година дена треба да излезе од затвор. Се надевам дека тогаш ќе сфати дека животот му дава втора шанса.

–        А што се случи со неговата сопруга и со нивните деца?

За жал, таа умре од предозираност во 2006 година, а него го уапсија на нејзиниот погреб. Набрзо и децата им ги одведоа во дом. Имаат 5 деца, 3 од најзиниот претходен брак и 2 од заедничкиот – Вања (9) и Сара Ирена (5). Моментално, Вања се наоѓа во дом за сираци, а Сара Ирена во едно семејство во Брајево.

–        Зошто татко ти не ги зеде под своја закрила?

Тоа го сакаше најмногу на свет, но во тој момент беше социјален случај и не можеше да се грижи за нив.  Јас им помагав колку што можев, редовно им праќав пари од странство, но тоа не беше доволно. Редовно ги гледам и не можам да ви објаснам како се чувствувам кога ќе ми речат да ги носам дома. Како да ги земам, кога и јас немам дом? Некогаш живеевме во центарот на градот, на „Далматинска улица“, но пред десет години моравме да го продадеме тој стан, па се преселивме во приградската населба Моштаница, каде татко ми и денес живее.

–         Планира ли Игор да си ги поврати децата откако ќе излезе од затвор?

Искрено се надевам и ќе дадам сè од себе повторно да бидат заедно. Не ја исклучувам ни можноста јас да станам нивен старател за што моментално не ги исполнувам условите. Неопходно е да имам свој стан, постојани приходи, а во мојата работа тоа е апсолутно невозможно.

–         Кога излезе од Куќата, Борко рече дека си се преправал дека не го познаваш, иако му помогнал на брат ти кој во затвор се лечи од зависност.

Таа приказна прв пат ја слушам од тебе. Борко го запознав кога влегов во Куќата. Разговаравме и тој дојде до заклучок дека ги познава децата на брат ми, бидејќи глумел во некои претстави кои се одржувале во домот за деца без родители. Инсистираше да зборуваме за тоа, но јас го одбив со зборовите дека таа тема на разговор ми е непријатна и дека евентуално би зборувале за тоа кога ќе излеземе од Куќата. Не беше ни време, ни место пред камерите да зборуваме за такви работи.

–        Додека беше во куќата, на широко се полемизираше за твојата сексуална определеност, а некои весници објавија твои слики од еден геј клуб во Милано.

И слеп човек би приметил дека се работи за фотомонтажа. Приказните дека сум наклонет кон истиот пол почнаа по фотосесијата за насловна на едно британско геј списание. Нормално дека тоа што соработувам со нив не значи автоматски дека и јас сум хомосексуалец. Сетете се дека и Бред Пит се сликаше за списанието „ReFRESH“.

–        Да појасниме, беше ли во тој геј клуб во Милано?

Не, а не знам ни кој е тој клуб. Сум бил во клубови во Ибица и Миконос, но во овој во Италија, не!

–         На новинските редакции им се нудени твои порно снимки. Постои ли навистина таков материјал?

Да сакав да се занимавам со тоа, досега ќе соберев дебела пара, од причина што ги поседувам сите квалитети да влезам во таа индустрија. Со девојка ми неколку пати сме биле на нудистичка плажа во Хрватска, па единствено таму можеле да ме сликаат гол.

АИДА Е МОЈАТА НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ!

–        До неодамна беше во врска со хрватската манекенка Аида Шипчиќ?

Да, таа е мојата најголема љубов. Раскинавме пред неколку месеци, а последно се видовме непосредно пред да влезам во Куќата. Живеевме заедно 3 години, слично како во брак, па дури и почнавме со планови за потомство.

§         Се чини дека раскинувањето тешко ти паднало?

Не можете ни да замислите колку… Сепак, после раскинувањето останавме пријатели. Сигурен сум дека помеѓу нас двајца и понатаму има искри, а со тоа се согласуваат сите наши пријатели. За неа е подобро да не сме заедно засега, барем додека не се осамостојам, да застанам на здрави нозе. Засега, е вака…

–       Се вели дека Аида те оставила за некој постар, богат Грк?

Таа е девојката на мојот живот и никогаш нема да ѝ го оцрнам името, а особено не преку новини. Аида тоа не го заслужува. Таа е мој ангел, најпрекрасното суштество што оди по земјава… Се плашам дека никогаш нема да престанам да ја сакам. Еднаш во Куќата, под дејство на алкохот на цел глас извикав: „Аида, те сакам“.

 

5 comments

  • Popara fan:)

    18 јануари, 2012 at 01:02

    Inaku Petar e deckoto od mojot prv spot”Raj i pekol”,za kogo odamna nemam cueno nisto… i naletav na ovaa vasha statija:) Iskreno ne ja znaev negovata tazna sudbina…:(

    Reply

  • Pane

    27 август, 2011 at 16:28

    abe zivejte i ne mu ja mislite mnogu, koj sto saka si pravi, i kako mu e ubao 🙂

    Reply

  • Zorica

    27 август, 2011 at 16:27

    Sve e ludo po svetov. da ne znae covek sto e normalno a sto ne e ????????

    Reply

  • Aleksandra

    27 август, 2011 at 16:25

    Ah tie Grci!!!!!

    Reply

  • Гегец

    27 август, 2011 at 16:25

    Интерсни приказни, нема што 🙂

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi