Поранешен пилот на хелихоптер успеал да направи летечки моторцикл. Австралијанецот Крис Малој, направил во својата гаража прв летачки моторцикл. Проектот го чинел целата негова заштеда и повеќе од две години , но му донесе светска слава.
Крис кој е поранешен пилот на хелихоптер, го направил ова неверојатно возило во својата гаража во Сиднеј, користејќи рамка од карбон-фибер и мотор од БМВ.
Моторциклот кој е наречен „Hoverbike“, може да лета на висина од 3000 метри и развива брзина од 160 километри на час.
Футуристичкиот прототип може да лета 45 минути со еден резервоар на гориво, а се очекува цената на овој единствен моторцикл за летање да биде 45.000 фунти.