Летни напитоци за брзо освежување

popara5 јули, 20111min00
news_5138

Не треба да се наседнува на рекламите во кои ви се наметнува дека единствениот начин во летниот период да се разладите е купувањето на енергетски и спортски пијалоци. Секогаш можете да се освежите со помош на посебните летни напитоци кои секој може дома да ги припреми. Еве здрави природни начини да се спротиставите на летните жештини.

Пире од дињи

Овој пијалок асоцира на Јамајка бидејќи таму е многу популарно. Неверојатно освежува и едноставно е за припремање. Дињите  се супер извор на витамин Ц, а кога наместо цедење ќе направите пире, ги задржувате сите хранливи материи.

Исецкајте ја дињата на коцкички, ставете ја во блендер и направете пире, во смесата додадете и малку вода ако е потребно. Изладете ја или послужете ја со лед. (Можете да употребите и лубеница)

Вода со краставици и нане

Можеби ви се чини како необична комбинација, но ладна вода со неколку резанки краставица и мало гранче од нане претставува вкусен, освежувачки летен напиток. Можете да го послужите во чаша, или да го држите во поголем стаклен бокал и да долевате кога ќе посакате.

Ставете две до три резанки од краставица и грубо насецкако нане во чаша вода. Оладете ја во фрижидер.

Летен напиток од ѓумбир

Зачинет пијалок, некои би кажале. Можеби се чини бесмислено кога се во прашање високите температури, но зачинетата храна во суштина му помага на телото во регулирањето на температурата. Ѓумбирот исто така прави чуда.

* 1,5 литри минерална вода

* сок исцеден од еден зелен лимон

* 40 грама ѓумбир

* пола шоља исецкано нане

* засладувач по избор

Сите состојки измешајте ги во блендер и послужете ги оладени. Содржината можете да ја исцедите ако не ви се допаѓа текстурата од ѓумбирот или нането, но најдобро е да се конзумира се.

Леден зелен чај со лимон и нане

Избегнувајте го загревањето во кујната припремајќи чај кој можете да го припремите на отворено, на сонце.

* 15 филтер кесички зелен чај

* 3,5 литри вода

* Пола шоља исецкани листови од нане

* Сок од два лимони

* Засладувач по вкус

Комбинирајте ги сите состојки одеднаш освен сокот од лимон и засладувачот во поголем сад и оставете го на сонце 3 до 4 саати во зависност од тоа колку темен чај сакате да добиете. Тргнете ги врекичките, додадете го сокот од лимон, разладете го и послужете со лед. Уживајте!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag