Летување во облаците

popara13 август, 20111min00
bbbbbbbbb

Верувале или не, архитектите и инженерите на британската компанија “Seymourpowell” не уверувааат дека наскоро би можеле својот летен одмор да го поминеме во некој од нивните летачки хотели.

Нивната намера е наскоро да го презентираат на јавноста својот “Ekruz” – летечки хотел висок 265 метри кој би летал над различни локации. Иако проектот е во почетна фаза, дизајнерите и архитектите имаат детален и реален план на “Летечкиот хотел”. Хотелот по својата луксузност би бил ист како и најлуксузните хотели во светот, во него би имало место за околу 100 гости кои би се одмарале  во луксузни апартмани, барови и ресторани.

“Не може да се замисли подабар годишен одмор од оној кога би седеле во својот луксузен апартман а во исто време под вас да ги гледате убавините на националниот парк Серенгети или да лебдите над највисоките облакодери во светот” вели Ник Талбот извршен  Директор на Seymourpowell .

Летечкиот хотел како гориво би користел водород, кој истовремено ке се користи и како извор на енергија и вода. Се проценува дека брзината на движење на летечкиот хотел би изнесувала од 100 до 150 км на час,а патувањето од Њујорк до Лондон би траело 37 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma