Портпаролот на Либиската влада Муса Ибрахим оценил дека американскиот претседател бил во “бунило“, кога рекол дека Моамер Гадафи сигурно ќе си замине од власт, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
“Обама е во бунило. Тој верува во лагите кои ги шири неговата влада и медиумите. Тие не докажаа ниедно обвинение против нас и одбиваат да спроведат истрага“, рекол Ибрахим на конференција за новинари во Триполи.
Ибрахим истакнал дека Обама не одлучува за тоа дали Гадафи ќе ја напушти Либија.
Американскиот претседател вчера оценил дека либискиот лидер “Моамер Гадафи почнал војна против својот народ и дозволил граѓаните на Либија да се убиваат како кучиња“.
Обама истакнал дека Гадафи “сигурно ќе замине од власт или ќе биде принуден да го направи тоа“.
Според неговите зборови, било јасно дека во Либија ќе се случи масакр и дека САД добиле информации да реагираат, како и тоа дека либискиот народ испратил апел за помош.
“Времето сега работи против Гадафи. Тој веќе нема контрола над својата земја“, рекол Обама.
Преодниот национален совет формиран од страна на бунтовниците, според Обама е “легитимен и кредибилен“ и се заложил дека ќе пружи поголема поддршка во борба против режимот на Моамер Гадафи.
САД до сега не го признале Советот, што веќе го направиле Франција, Италија, Катар и Велика Британија.
НАТО на 31 март ја презема контролата над воената интервенција во Либија.
Извор: Нетпрес