Либиската војна ги чини САД 750 милиони долари

popara13 мај, 20111min00
080929-D-7203C-005
Американскиoт министeр за одбрана, Роберт Гејтс, изјавил дека армијата на САД досега потрошила околу 750 милиони долари за операцијата во Либија, јави “Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
Според него, политиката на Вашингтон за буџетски кратења веројатно нема да се одрази врз операциите во Авганистан и во Ирак, кои се финансираат одделно од буџетот за одбрана.
“За жал во случаот со Либија расходите ќе треба да се преземат главно од нас“, рекол Гејтс.
“Во оваа фаза тие изнесуваат околу 750 милиони долари и ние ќе ги обезбедиме парите, но што се однесува до операциите во странство, мислам дека буџетските проблеми и дефицитот, со кои се соочува земјата, нема да имаат влијание од гледна точка на финансирањето на операциите, во кои учествуваме“, додал тој.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag