Лидерот на Северна Кореја троши цело богатство на храна за кучиња!

30 септември, 20110
Kim Jong-il

Ким Јонг Ил троши неверојатни 120. 000 фунти на храна за кучиња. Последните во низата контроверзии откриени за лидерот на Северна Кореја, се дека тој годишно троши 120.000 долари на храна за кучиња. Во земјата каде милиони гладуваат, Ким се расфрла со пари го обвиниле парламентарците од Јужна Кореја.

Според  парламентарецот од Јужна Кореја, Yoon Sang Hyun, северно корејскиот лидер троши дури 120.000 долари на храна за кучиња. Многу други детали се откриени за приватниот живот и бизарности за тоа каде Ким Јонг Ил ги троши парите. Станува збор за шокантни податоци, особено за земја во која милиони луѓе страдаат поради недостаток на храна, а третина од децата помлади од 5 години имаат проблеми со растот заради лошата исхрана.

Ким Јонг, наводно увезол десетици руски коњи, купил десет американски џет-ски за својот син, а  минатата година купил 600 шишиња француско вино.

Наводно, повеќето луксузни добра доаѓаат од Кина, единствениот голем сојузник на Северна Кореја, но и од Русија. Советот за безбедност на UN по тестирањето за нуклеарно оружје во оваа земја, воведе санкции за увозот на луксузни добра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi