‘Lilypad City’ пловечкиот град или екополис на иднината

popara25 октомври, 20111min00
2

Неверојатен проект на белгискиот архитект Vincent Callebaut, вештачки град кој плови, создаден со благородна цел, за вдомување на луѓето после преживеана природна катастрофа како на пример земјотреси, поплави, цунами и слично.

Замислата е брилјантна, овој екополис ќе плови околу светот како независна и целосно самоодржлива целина. И ќе се лоцира онаму каде ќе има потреба. Во центарот на пловечкиот град се наоѓа езеро за собирање и прочистување на дождовна вода, самостојни извори на енергија преку соларните панели и турбини за ветер, како и централа за искористување на енергијата на брановите.

Идејата е да се создадат повеќе вакви единици кои ќе функционираат како посебни еко градови, а секоја пооделно е со капацитет од 50 000 жители.

Овој проект не е решение само за населување на жртвите од природните катастрофи. Според најновите научни теории  се верува дека во иднина нивото на водата ќе се зголеми, така да проектот претставува една нова алтернатива како животот на земјата да продолжи и понатака.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag