Лимонот како козметика

17 јануари, 20110
lemon

Лимон нуди навистина големи можности за природната козметика. Сепак, треба да се има во предвид следново: лимонот може да предизвика прекумерна чувствителност на кожата на сончева светлина, па не се изложувајте премногу долгона сонце после третманот. Отстранување на мртвите клетки од кожата – дадете и сјај на вашата кожа, со нежна масажа на саканата површина со мешавина на сок од лимон и шеќер. Ублажување на брчките – загрејте 1 шоља млеко, 2 лажички сок од лимон и 1 лажица коњак или ракија. Изладете ја смесата на собна температура, нанесете на посакуваното место и чекајате да се исуши а потоа исплакнете. За избелување на старечките пеги – мачкајте се со лимонов сок, и оставете 15 минути. Повторувајте ја постапката два пати во денот. Направете крем за лице – помешајте сок од 1 лимон и 1 / 4 чаша маслиново или бадемово масло. Нанесете на лицето и оставете нека делува. Против првут – применувајте масажа на скалпот секојдневно со две лажички сок од лимон. Избришете го лакот од вашите нокти и без ацетон – ставете ги ноктите (околу 5 минути) во една чаша топла вода во која ќе додадете сок од половина лимон, а потоа истријте ги ноктите со внатрешниот дел од кората на лимонот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber