Проблематичната Линѕи Лохан самата се пријавила во затворот за да си ја одлежи казната но, со барање казната да ја помине во куќен притвор. Нејзиното барање е одобрено, па таа добила електронска нараквица која ќе ја носи на себе и така полицијата ќе има контрола над нејзиното движење.
Таа во следниве 35 дена ќе биде во нејзиниот дом, а освен оваа казна ќе треба да одработи и 480 часа во друштвено-корисна работа во мртовечница и здружение за жени.