Линдзи Лохан во голем стил пристигнала во градската мртовечница, возејќи го своето 80.000 $ Porsche Panamera…
Линдзи била забележана на задниот влез на мртовечница каде зборувала со вработен, кој се појавил да ја информира актерката дека го погрешила влезот и дека треба со возилото да влезе од главниот влез на објектот.
И нормално во стилот на Линдзи, таа доцнела цели 40 минути, при што била вратена назад и за тој ден не ги исполнила потребните часови на работа во мртовечницата. Кутрата Линдзи изјавила дека утре ќе се потрудела да дојде на време на “работа”.