Линдзи Лохан “закон риба”!! Наместо 30 дена во затвор седела само 4 часа:)

7 ноември, 20110
ooooooooooooooooooo

Ноќеска во 20:58 часот по локално време проблематичната актерка Линдзи Лохан влегла во затворот во Линвуд каде што требала да одлежи 30 дена затвор, поради кршење на условна казна изречена во 2007 година за возење под дејство на алкохол. Сепак, поради преполниот затвор, била ослободена од притвор неколку часа подоцна. Линдзи била ослободена од затворот минатата ноќ околу 01:00 часот по локално време.

Судот во Лос Анџелес минатата недела, ја осуди Линдзи на 300 дена затвор. Потоа произлегло дека треба да одлежи само 30 дена, а останатите денови да ги отслужи преку работа корисна за општеството. Откако била ослободена од затвор по само четири часа, Линдзи Лохан сега ќе мора да помине повеќе часови општествена работа и редовно да оди на психијатар доколку не сака останатите 270 дена да ги помине зад решетки. Ако таа си го одработи своето до 29 март и успее да не го прекрши законот, Линдзи конечно ќе се ослободи од гревот и актуелната закана дека ќе оди во затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş