Љубов во оригинална верзија

14 февруари, 20110
valentines_day_roses

Денот на вљубените, е ден кога треба да му посветиме малку повеќе внимание на партнерот. Иако ова треба да го практикуваме секој ден, сепак овој ден е посветен токму на нив. Во секоја земја прославувањето и подароците кои се даваат се различни. Цвеќето, чиколадите, плишаните играчки и срциња се обележје на овој ден. Но, еве сега ќе ги покажеме и другите интересни обичаи, на неколку земји.

Турција- заљубените еден на друг си подаруваат прилично комплицирано направен престен, кој се состои од 41 цврсто испреплетени алки, кои ја симболизираат цврстината. Доколку се обидат да го растурат овој прстен тогаш тоа е лош предзнак за нешто што следи.

Во Нова Гвинеја организираат “курс на љубовта” каде дечкото, на мајката на својата избраничка на подот и положува неколку големи плодови кои се налик на оревите. Доколку таа одлучи да ги скрши тоа значи дека ја прифаќа неговата молба и ќе му ја даде ќерката.

Кај русите денот на вљубените е 8-ми март, денот на жената. Мажите во Русија кои се познати по тоа дека се скржави на комплименти и поклони, на тој ден им даваат комплименти на колешките, поклони на сопругите, па дури може и да се случи да направат некоја од домашните обврски кои вообичаено жената ги прави. Но, од следниот ден се е по старо.

Вљубените израелци даваат мали привезоци од злато и сребро украсени со сини драгоцени камења, за кои веруваат дека ќе им донесат среќа на саканата особа.

Во Германија овој ден се слави на 30 април, према 1 мај. Ноќта тие под прозорецот на саканата ставаат гранка од бреза украсена со многу украси. Потоа, откако ќе ја остварат мисијата одат на пиење во баровите каде остануваат до утринските часови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi