Девојче на возраст од 13 години напишало љубовно писмо кое го ставила во шише и го фрлила во водите на морето за време на посета на Шкотска, во 1979 година. Тоа шише го пронашол британецот Ричард кој тогаш имал само шест години. Тој одговорил на писмото, во кое имало адреса на девојчето. Пратил разгледница на дадената адреса.
Сега по триесет години сосем случајно, брачниот пар открива дека всушност се знаат уште од многу одамна. Тие се децата кои комуницирале со писма. Кога Ричард ја видел разгледницата веднаш ја препознал, тоа била истата разгледница што тој ја пратил, а Манди сеуште ја чувала.