Поранешниот фудбалер и тренер Лотар Матеус, се разведе по четврти пат од својата сопруга, украинската манекенка Лилиана Чудинова. Тој веќе најде и замена, сега се забавува со 23 годишна студентка по психологија. Изгледа дека жените под 25 му се слабост.
Аријадна, која е на иста возраст како неговата сопруга, изјавила дека е пресреќна со Лотар. Дека имаат одлична врска. Лотар пак е поскромен во изјавите, и вели дека сега му е одлично.
Но, неговата поранешна сопруга, кога ги видела најновите фотографии од Лотар и Аријадна, на својот facebook профил напишала: Еднаш измамник, секогаш измамник.