На интернет се појавија фотографии од американката која поради голема љубов кон раперот Дрејк го истетовирала неговото има не чело.
Тетоважата ја направила во еден салон во Лос Анџелес, а потоа нејзините фотографии го преплавиле интернетот, а многумина мислат дека американката ја направила најголемата глупост.
Набрзо рагирал и самиот пејач, раперот Дрејк кој изјавил дека тату мајсторот кој го направил ова е кретен.
„Оној кој ја истетовирал девојката е кретен. Треба да ја изгуби работата и никогаш повеќе да не тетовира“, изјавил канадскиот рапер.
Од салонот за тетовирање изјавиле дека три пати ја прашале девојката дали е сигурна дека сака токму тоа да го истетовира, а таа се согласила.