Сестрата на војовтката од Кембриџ, чија популарност со неверојатна брзина се зголемува, наскоро ќе добие и свое ТВ шоу.
Шоуто ќе биде емитувано на ТЛЦ на 9ти август, а се најавува дека тоа ќе биде посебно издание од еден час на сестрата на идната кралица на Англија под наслов “Луди за Пипа Мидлтон?“.
-Во едно часовното шоу, најблиските пријатели на Пипа ќе им овозможат на гледачите, поинтересни детали од нејзиниот животот и работата. Оние кои ја познаваат и и се восхитуваат ќе одговараат на прашањата која е Пипа Мидлтон?
Според ТЛЦ, Пипа е една од најпосакуваните жени и некоја врста на феномен, кој го инспирираше целиот свет.
Девојката чиј задник доби и свој фан клуб на Facebook, сега ќе добие комплетна биографија на телевизија.
“Обележете на вашите календари, бидејќи ова е нешто што не смеете да го пропуштите”, гласи во соопштението на телевизиската мрежа ТЛЦ.